Милевски: Кој може Сонцето од Вергина да забрани приватно да се користи

Од:

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска изјави дека Одлуката на Владата за отстранување на симболот на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции и оти се импелементира сега согласно Преспанскиот договор.

– Одлуката на Владата е за локалната самоуправа. Сонцето на Вергина е тргнато од знамето од 1995 година, така да не знам зошто сега се отвора тоа прашање. Преспанскиот договор е јасен, тоа да не се користи за државните институции, се разбира и за локалните институции и сега дојде моментот таа одредба да се имплементира. Преспанскиот договор е прифатен од Собранието со двотретинско мнозинство и граѓанитие се запознаени со чекорите што следуваат, изјави Милевски.

Во однос на приватното користење на симболот, Милевски рече дека тоа не може да забрани.

– Јас лично не знам доколку сакам да го користам, кој би можел да ми забрани. Сигурно во дворовите во Грција може да се користи било што и никој не може да го забрани. Исто и тука на еден приватен имот кој сака може да си стави. Не е ова инквизиција да ги гониме луѓето, но државните институции треба да го почитуваат законот, а за непочитување на законите се разбира има санкции, рече Милевски.

На новинарско прашање за општините кои на своите знамиња и грбови го имаат Сонцето на Вергина, министерот за локална самоуправа смета дека тие треба да ги променат симболите.

– Се согласувам дека тие треба да ги променат симболите, а мислам дека за спомениците кои се во некои градови треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период. Не да се отстрануваат, туку во фуснота да се наведе од кој период е конкретниот споменик. Мислам дека тие се неколку, за Битола, Прилеп, како спомениците од Александар Македонски, Филип Втори итн, посочи Милевски.

Владата вчера им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски