А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Анкета: Мнозинство демонстранти во Хонг Конг се млади и школувани

by А1он14/08/2019 - 11:5714/08/2019 - 12:01310
Share0

Хонг Конг, 14 август 2019 (МИА) – Мнозинство демонстранти во Хонг Конг се универзитетски образовани, речиси половина се во своите дваесетти години и скоро сите ја мразат полицијата, според академско истражување што фрла ново светло на движењето.

Следете a1on на Instagram Instagram

Демонстрациите во Хонг Конг се одржуваат веќе 10 недели.

Протестите што започнаа по нацрт-законот, со кој се дозволува екстрадиција во континентална Кина, влегоа во поширок обид да се смени сликата во демократски слободи.

Истражувачи од градски универзитети ги анкетирале учесниците на 12 протести – вклучувајќи масовни митинзи и демонстрации меѓу 9 јуни и 4 август и откриле дека 54 проценти биле машки, а 46 проценти се жени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Севкупно, 77 отсто од 6.688 испитаници рекле дека имаат високо образование, и 21 отсто велат дека имаат средно образование.

Најмногу од нив се на возраст од 20-29 години – 49 отсто, наспроти 11 отсто под 20 и 19 отсто на возраст меѓу 30 и 39 години. Шеснаесет проценти имале 40 и повеќе години.

Точно половина (50 проценти) сметале дека се средна класа.

На прашањето зошто демонстрираат, 87 проценти рекле дека сакаат да се повлече нацрт-законот за екстрадиција, 95 проценти изразиле незадоволство од постапувањето на полицијата во протестите и 92 проценти повикуваат на формирање независна истражна комисија. Истражувањето е на државниот Универзитет во Хонг Конг, Универзитетот Ханг Сенг, Универзитет Лигнан и Баптистичкиот Универзитет во Хонг Конг.

anketahonk-kong

Би можело да ве интересира

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски17/10/2026 - 15:0617/10/2026 - 15:22

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:1512/10/2026 - 09:43

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:26

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он12/09/2026 - 21:21

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски03/05/2026 - 16:3103/05/2026 - 16:41

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он06/04/2026 - 15:5906/04/2026 - 18:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео