На официјалниот сајт на Трговскиот претставник на САД денеска излезе соопштение дека е одлучено до 15 декември да се пролонгира воведувањето царината од 10 отсто на некои производи од Кина.
Во оваа категорија спаѓаат мобили телефони, лаптоп компјутери, видео-игри, монитори, обувки, облека и некои играчки. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно укажа дека до 1 август ќе се воведат царини на стоки увезени од Кина чије вредност е 300 милијарди долари.
Меѓународните берзи реагираа позитивно на оваа вест. Порасна цената на нафтата. Така на пример, цената на испораките за октомври на нафта од типот „Брент“ порасна за 3.7 отсто до 60.37 долари за барел и растот продолжува.
Трамп и претходно зголемуваше царини за кинески стоки. Во мај тие беа зголемени од 10 на 25 отсто за стоки во вредност од 200 милијарди долари, потоа тој воведе нови царини од 25 отсто на стоки во вредност од 300 милијарди долари.
Вашингтон ги зголемува царините поради незадоволството од тоа како течат трговските преговори со Кина. Доколку се оствареше заканата за нови царини од 1 август, оцаринет ќе беше фактички целиот увоз од Кина.