Ракометниот клуб Бутел потпиша договор на две години со левиот бек Христијан Милошески.
Милошевски беше дел од вториот тим на Вардар, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички.
– Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната можност. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања, вели Милошески.