Укинат имунитетот на четворица венецуелски опозициски пратеници

Од:

Пратениците лојални на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска укинаа имунитет на четворица опозициски пратеници обвинети за предавство.

Со тоа бројот на опозициски политичари кои се соочуваат со кривично гонење од почетокот на годината се искачи на 18.

Пратениците во Народното сојузно собрание, кое е противник на опозициското Народно собрание, едногласно го усвоија предлогот за одземање на пратеничкиот имунитет.

Политичката борба за превласт во Венецуела помеѓу социјалистичката Влада на Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо трае од јануари. Гуаидо на почетокот од годината се прогласи за претседател и почна кампања за соборување на Мадуро, при што доби поддршка од САД и од уште 50 држави.

Во меѓувреме, провладиното законодавно тело во Венецуела одлучи да формира комитет што ќе одлучува за предвремени избори за Конгресот, со што на Владата на Мадуро ќе може да ја преземе контролата врз телото предводено од опозицијата.

Гуаидо во неделата предупреди дека Уставотворното собрание ќе донесе одлука да го распушти Конгресот што тој го предводи и да распише предвремени избори, откако Мадуро повика за „нова офанзива“ против „предавниците“ во законодавниот дом.

Опозицијата во 2015 година освои двотретинско мнозинство во Конгрес и првпат по 16 година ја презеде контролата врз Парламентот. Владата на Мадуро не призна ниту една од одлуките на Парламентот, а Врховниот суд ја поништи секоја одобрена мерка.

Изборите на Конгресот се одржуваат на секои пет години и не се предвидени пред декември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот