Процентот на жени без образование во БиХ е повеќе од четири пати поголем од оној кај мажите. Така, девет проценти од жените на 16-годишна возраст и постари немаат образование, додека овој процент кај мажите изнесува два процента.
Ова се податоци од истражувањето „Кон Европската унија – клучни прашања за социјална вклученост во БиХ“, финансирано од ЕУ.
Споменатата разлика меѓу мажите и жените во БиХ се рефлектира и кај поголема возраст.
– Според најновите официјални податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, по 64 години, процентот на необучени е 6,3 проценти кога станува збор за мажите и 29,7 проценти кога станува збор за жените. Понатаму, кај жени на возраст над 74 години, 43,8 проценти немаат никаков степен на образование, а далеку помалку, 10 проценти изнесува кај мажите, се наведува во извештајот.