Осомничениот за пукањето во џамија во саботата во Норвешка и за убиството на двте полусестри не ја признава вината и не сакаше да разговара со истражителите.
„Тој го користи правото да не биде испитуван и не ја признава вината“, рече адвокатот на осомничениот.
Судот подоцна ќе треба да донесе одлука за полициско барање за притворање на 21-годишниот осомничен за следните неколку недели.
Полицијата соопшти дека вчера го испитувала пукањето како обид за извршување терористички акт.
Најмалку едно лице е повредено во пукање во џамија во Норвешка.
Осомничениот напаѓач во исламскиот центар Ал Нур кај Осло е опишан како „млад белец“.
Напаѓачот, облечен во заштитен елек, бил совладан од верниците пред да пристигне полицијата.