Продолжува идентификацијата на учесниците во дивеењето низ Скопје

Од:

Во однос на двата протестa што се случија во петокот и во саботата во Скопје, МВР продолжува со идентификација на нови лица врз основа на снимки и има определен напредок. Кога ќе се комплетираат сите информации, ќе ја информираме јавноста, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– МВР ќе продолжи со идентификација на нови лица преку фотографии и снимки кои ги добивме од медиумите, но и со разговори со други лица очевидци или лица кои на друг начин можат да дадат информација за насилниците кои дивееја низ Скопје и вандалски се однесуваа оштетувајќи притоа имот. Она што најмалку може да се толерира е повредувањето на недолжни граѓани и полициски службеници кои професионално ја вршеа својата работна задача и должност, појасни министерката за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он