18.000 литри виски по грешка источени во канализација

Од:

На компанијата „Чивас брадерс“ и се случи вистинска катастрофа откако по грешка на работниците во одвод истекоа околу 18.000 литри чисто виски, подготвено за точење.

По грешка на вработени во компанијта „Чивас брадерс“ во Дамбартон, наместо отпадни води во одводот заминале 18.000 литри чисто виски, подготвено за точење и вредно околу 600.000 евра.

Мирисот на алкохол бил толку силен што го пријавиле и работниците во канализациите.

Несреќата се случила во текот на ноќната смена при чистењето на опремата. Компанијата „Чивас брадерс“ која во својата фабрика вработува 600 работници и го произведува вториот светски најпродаван бренд „Балантајнс“, соопшти дека истрагата е во тек.

– Не дојде до истекување на алкохол во реката Левен, ниту пак некои други локални текови. Ги информиравме „Води на Шкотска“ и сите други релевантни власти“, се наведува во соопштението на „Чивес брадерс“.

Во контролата на отпадните води истакнуваат дека биле збунети, прашувајќи се што е причина за „загадувањето“, но многу брзо ги контактуирале од „Чивас брадрс“.

Нашиот тим за контрола на отпадните води ја посети компанијата за стекне увид во нивната истрага на несреќата и за да се осигурат дека ги презеле сите потребни мерки за повторно да не се случи такво нешто, рече портпаролот на „Води на Шкотска“.

„Истекувањето на големи количество алкохол во канализацијата може да има негативно влијание на процесот на прочистување на отпадните води, особено за време на суво и студено време. Ќе продолжиме да ја следиме работата на пречистувањето на отпадните води од Дамбартон за да се осигураме дека процесот не е загрозен“, објаснија челниците на „Води на Шкотска“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ