Владата ја почна исплатата на паричната помош за семејствата од поплавените подрачја

Од:

Владата почна да ја исплаќа првичната парична помош за семејствата од поплавените подрачја. Од утрово парите се префрлени на трансакциска сметка на најстариот член во семејството.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата одлучи да им помогне на 650 семејства од поплавените подрачја со доделување првична парична помош од по 15.500 денари.

Министерот Ставрески истакна дека во моментов се утврдуваат штетите од поплавите и дека покрај оваа парична помош ќе им се помогне на семејствата и со покуќнина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани