Мексиканската полиција пронајде 19 масакрирани тела

Од:

Во западната провинција Мичокан, мексиканската полиција на еден надвозник пронајде девет обесени тела, и уште 10 измасакрирани тела, фрлени на блискиот пат, соопштија судски извори.

Обвинителството на државата Мичокан соопшти дека покрај обесените тела во градот Уруапан бил поставен и транспарент, на кој еден нарко клан се заканува на друг. Обесените луѓе претходно биле убиени од огнено оружје, при што некои се обесени со врзани раце, а други со спуштени панталони.

Според локалните медиуми, иако транспарентот не бил многу читлив, се наѕира дека озлогласениот „Халиско“ клан се заканува на ривалскиот „Виагра“.

Во првата половина на 2019 година во Мексико е регистриран рекорден број убиства – 17.608, што е за 5,3 отсто повеќе отколку во 2018 година. Во земјата со 125 милиони жители понекогаш се случуваат и по 100 убиства дневно.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори