Полицијата упадна во куќата на поранешниот претседател на Киргистан

Од:

Киргистанските специјални сили денеска извршија рација во домот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кој се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреба на службената должност.

Медиумите објавуваат различно за тоа што се случило со Атамбаев. Една телевизиска станица објави дека е уапсен и однесен на непозната локација, додека неговите блиски соработници и приврзаници собрани пред куќата тврдат дека тој не бил уапсен.

Локалните медиуми објавија дека неколку лица се повредени од оружје, а меѓу нив е и еден новинар.

Киргистанскиот Парламент го укина имунитетот на Атамбаев во јуни. Оттогаш неговите приврзаници постојано пред неговиот дом во селото Кои-Таш, на 20 километри јужно од главниот град Бишкек.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска