• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Африканската чума во Бугарија нема да ја зголеми цената на свинското месо

by А1он06/08/2019 - 16:36406
Share0

Присуството на болеста африканска чума во Бугарија нема да го поскапи свинското месо на македонскиот пазар, смета претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

Добивај вести на вибер

-Засега нема да има покачување на цената бидејќи земјава со своето производство го задоволува пазарот за свежо свинско месо. Нема да има недостиг на месо, ниту потреба да се зголемат цените, изјави Шаклев.

Моментно цената е 95 до 99 денари за килограм жива мера.

Шаклев апелира одгледувачите на свињи да ги преземат мерките што ги наложи Агенцијата за храна и ветеринарство: поголема дезинфекција во фармите, а оние кои ги пуштаат на паша свињите, тоа веќе да не го прават, бидејќи најголем преносител на оваа болест се дивите свињи, кои можат да дојдат во контакт со нив.

-Агенцијата за храна и ветеринство даде добри мерки за да се заштитат свињите од африканската чума, за која нема ниту вакцина, ниту лек. Апелираме ловните здруженија да почнат со лов на дивите свињи, бидејќи тие се најголемите преносители и не знаат за граници. Една дива свиња може да помине за 24 часа вкупно 50 километри, односно да премине од една во друга држава. Затоа итно мора да се почне ловот на дивите свињи, нагласи Шаклев.

Укажа и дека низ годините ваква болест во државата не е регистрирана. Во моментов земјава има околу 196.000 товеници, а годишно се произведуваат околу 13.000 тони свинско месо

cenimeso

Би можело да ве интересира

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:43

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Горан Наумовски10/06/2025 - 11:51

СДСМ: Цените растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Горан Наумовски10/06/2025 - 08:4910/06/2025 - 09:07

Дурмиши: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе има поригорозни мерки

Катерина Ѓуровски08/05/2025 - 14:08

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Катерина Ѓуровски18/04/2025 - 07:56

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

Горан Наумовски06/12/2024 - 09:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен