Доколку не се исполнат барањата до средина на септември српската опозиција ќе ги бојкотира изборите

Од:

Лидери на опозицијата на денешниот состанок во Белград истакнаа дека доколку не им бидат усвоени барањата до средина на септември, тие ќе ги бојкотираат изборите.

– Властите до сега немаат ништо направено за да го исполнат барањето на опозицијата за слободни и фер избори, кои беа усвоени уште во декември минатата година и ќе бидат единствените одговорни доколку има бојкот, истакнаа опозициските лидери.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, по состанокот претседавачот на Сојузот за Србија, Јанко Веселиновиќ изјави дека сите учесници на состанокот се согласиле дека во овој момент нема услови за слободни и фер избори и дека медиумите не се слободни.

– Остана многу малку време да се исполнат овие услови. Власта ќе биде одговорна доколку нема избори, односно доколку се одржат избори што тоа не се, порача Веселиновиќ.

Тој кажа дека нема „апсолутно никакви“ придвижувања во барањата на опозицијата за чесни и слободни избори и слободни медиуми, кои беа усвоени уште во декември.

– Кога станува збор за разговорите кои се водат во моментот, констатиравме дека станува збор за тркалезна маса, дека присуствувавме на тие разговори како на тркалезна маса и дека во иднина ќе продолжиме да присуствуваме на какви било разговори каде што може да има придвижување во исполнувањето за слободни и фер избори. Досега тоа го нема, истакна Веселиновиќ.

Тој додаде дека следната тркалезна маса на власта и опозицијата треба да се одржи в петок или в сабота, по што лидерите на опозицијата повторно ќе се состанат за да видат дали тие разговори би можеле „да донесат одредена конструктивност“.

Веселиновиќ им порача на власта да не помислуваат да „манипулираат со така наречени разговори“, како и дека опозицијата ќе ги исцрпи сите можности за да се дојде до слободни избори, а тоа се и разговори и учество на протестите „Еден од пет милиони“.

Покрај претставници на партиите собрани во Сојузот за Србија, на состанокот присуствуваа сите повикани претставници на српската опозиција и тоа: Движењето на слободни граѓани, Демократската странка на Србија, Новата странка, Социјалдемократската странка, Локалниот фронт, Да не го давиме Белград, Партијата на модерна Србија, претставници на движењето „Еден од пет милиони“, Заедницата на Унгарците од Војводина и Граѓанската платформа.

Би можело да ве интересира

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Даниел Стојчевски од ЗНАМ: Ќе направивме темелна промена во правосудниот систем

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

А1он