Најмалку седум лица починаа како поседица на високите температури во Јапонија, меѓу кои има и едно бебе од градот Тојама, кое неколку часа било оставено во автомобил на паркинг.
Јапонија е зафатена од извонредно жежок топлотен бран, а температурата се искачува и до 38 степени целзиусови, пишува денеска весникот „Јапан Тудеј“
Во Агеа, северно од Токио, маж на возраст од околу 60-тина години во петокот попладнето бил пронајден мртов пред својата куќа, изјавиле денеска официјалните претставници на локалната власт. Тие претпоставуваат дека починал од високите температури
Во префектурата Мијаги, во саботата, жена на возраст од околу 80-тина години била пренесена во болница каде подоцна и починала како последица на топлотен удар.
Од екстремните жештини деновиве умреле уште четири лица, меѓу кои во префектурата Нагасаки починале 83-годишна жена и 90-годишен маж.