СДММ: Една врба од 80.000 евра овена

Од:

Социјалдемократската младина на кејот на Вардар донесе врба од 250 денари, како замена за како што рекоа „речиси овенатата“.

„Со разочарување ја примивмe информацијата дека фамозните милионски жални врби во Вардар се во лоша состојба, а едната е речиси овената. Иако за момент помисливме дека врба од 80 илјади евра не се суши, сепак и таа врба била обична. Затоа одлучивме да преземеме итна превентивна мерка за заштита на државниот буџет и на изгледот на реката Вардар“, рече Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

„Ако знаеме дека врбите чинеа 250 илјади евра, а дека власта расипнички ги троши народните пари за се и сешто и ако знаеме дека дека под терминот „уметност“ покриваат огромен криминал, тогаш нашата акција е повеќе од оправдана.

Како што гледате, денеска донесовме една врба. Иста е како овие што се дел од скултурата во Владата но оваа чини само 250 денари. Врбата ја донираме за да спречиме нова неразумна набавка од стотици илјади евра. За да не не изненади власта дека мора да купи нова врба од 80 илјади евра.

Ако евентуално се исушат и другите две дрвја, што е веројатно, бидејќи авторката на делото бараше консултации по форуми на интернет за тоа како да го изведе проектот, ја замолуваме власта да не набавува други, ние ќе донесеме повторно. Ќе сториме се, само немој да пуштате нови 250 илјади евра низ Вардар“, рече Давитковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување