А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија

by А1он02/08/2019 - 13:401056
Share0

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека не може да верува оти Северна Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Сите земји што се дел од Интерпол треба да се придржуваат кон меѓународните прописи. Северна Македонија треба, врз основа на потерницата и документите, кои Србија ги има пратено, да го предаде Морина на државните органи кои на тоа имаат право, изјави денеска Стефановиќ при распределбата на противпожарните и услужните возила на единиците на МВР.

Тимор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, беше уапсен во Северна Македонија, откако беше изден налог од Србија, кој ја бара неговата екстрадиција. Барањето е издадено од Интерпол – Србија, пишуваат српските медиуми.

Стефановиќ оцени дека загрижува тоа што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите на Северна Македонија“. Тој додаде дека не може да замисли дека „Северна Македонија, себеси тоа ќе си го дозволи“.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече дека тие ќе го почитуваат меѓународното право, што значи екстрадиција на српските органи. Ако тоа не се случи, ќе видиме што ќе правиме натаму, не сакам да прејудицирам, изјави Стефановиќ.

Тој истакна дека „заради ваквите ситуации“ Србија се бори да го спречи Косово да биде примено во Интерпол.

-Ним не им е грижа дали некој се бара за кривично дело и дали таа државата има докази. Нив ги интересира политиката и врз основа на тоа одлучуваат дали ќе екстрадираат некого во одредена држава. Тоа е уште еден аргумент зошто не треба да се дозволи прием на Косово во Интерпол , рече српскиот министер на полицијата.

makedonijamorinasrbija

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 21:36

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 20:41

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 19:4509/05/2026 - 19:45

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам или слични идеологии

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 18:42

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 18:27

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто