Убиството на шест лица во загрепската населба Кајзерица го извршил 36 годишниот Игор Наѓ од Вуковар, јавуваат хрватските медиуми, нагласувајќи дека тоа е „едно од најжестоките злосторства од хрватската независност“.
Убиени се мајка, татко, две ќерки, син на една ќерка и момче на другата.
Загрепски „Јутарњи лист“ пренесува дека се убиени сестрите Маја и Јосипа, 10-годишник, кој најверојатно бил син на Маја, додека убиецот, според првите и неофицијалните информации, бил момче на Маја.
Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот и во моментов се наоѓа во Дом за деца.
Убиецот се самоубил при апсењето, а мотив за убиството најверојатно е љубомора.