Најмалку три полицајци загинаа и 20 се ранети откако бомбаш самоубиец влета со автомобил во полициска станица во Аден во Јемен.
Меѓу повредените се и тројца цивили.
Аден е седиште на јеменската меѓународно призната влада која во судирите со бунтовниците Хути ја контролира Сана и поголем дел од северен Јемен. Експлозијата се случила и во време на воена парада во Аден. Одговорност за нападот презедоа Хутите.