Развојот на социјалните мрежи доведе до тоа дури и бебињата да имаа свои профили на „Твитер“ или „Фејсбук“.
Истражувањето на компанијата „Currys&PCWorld “ покажа дека денес секое осмо бебе има свој профил на социјални мрежи, а 4 проценти од профилите се отворени дури пред раѓање на бебето.
Овие профили родителите ги прават за да своето новороденче веднаш го покажат на роднините и пријателите. Затоа фотографирањето на бебето е една од првите работи која ја прават, дури и пред мерењето.
Половина од испитаници постари од 60 години изјавиле дека им е жал што не можеле сами да твитаат или да ги фотографираат своите деца и сметаат дека пропуштиле нешто многу важно во животот.
Елена Георгиевска