ВИДЕО: Државата ќе се задолжи со половина милијарда евра за изградба на новиот клинички во Ѓорче Петров

Од:

Новиот клинички центар во Ѓорче Петров ќе чини 500 милиони евра, а ќе се финансира со кредитна линија од три комерцијални банки, кои веќе доставиле најдобра понуда, информира министерот Венко Филипче.

Под кои услови ќе се врши финансирањето, колкави ќе бидат каматните стапки, како и за колку време ќе се враќа кредитот, беа прашањата за кои новинарите беа најмногу заинтересирани на брифингот. Но, министерот Филипче ги упати новинарите овие информации да ги бараат во Министерството за финансии бидејќи, како што рече, тие ги правеле анализите и најпрецизно може да ги кажат деталите во врска со тоа колку државата е задолжена за новиот клинички центар.

„Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки. Од нив, шест одговорија по што избрана е понудата проектот да се финансира од банките ‘Ерсте груп’, Рајфајзен банк и „Уникредит“.

Условите под кои ќе се враќа кредитот ги имаат во Финансии, па не би сакал да шпекулирам со бројки“, рече Филипче.

Министерот додаде дека имотно-правните односи се расчистени, а земјиштето на кое ќе се гради центарот е целосно во државна сопственост, односно нема да има експропријација.

Клиничкиот центар ќе се гради на земјиште од 30 хектари, вкупната површина на центарот ќе биде 105 илјади квадратни метри и ќе се одвива во три фази, а целосно се очекува да биде завршен за 7 години.

Во првата фаза, како што посочи Филипче, ќе бидат завршени инфраструктурните работи, како што се поставувањето вода, струја, канализација, за што ќе биде отворен тендер во август.

„Кога ќе завршат подготовките на теренот и комплетното завршување на проектната документација, може да се почне со градба, па очекуваме тоа да биде на почетокот на следната година“, рече Филипче.

Тој информира дека физибилити-студијата е готова и набргу ќе биде ставена на јавен увид. Што се однесува до стариот дел од постојниот објект, Министерството сè уште размислува колку и што од него ќе биде оставено во функција. Министерот, сепак, појасни дека објектот нема да биде затворен, туку ќе биде наменет како градска болница за оние што живеат во тој дел од Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Анита Петровска Рајковиќ

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on