(ВИДЕО) Костадинов: Дали Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф?

Од:

„На Христијан Мицкоски му поставивме неколку прашања и веќе десетина дена не одговара на поставените прашања од наша страна.

Денеска, дополнително, ќе му поставиме и нови прашања на кои се надеваме дека навремено ќе одговори“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Дали Христијан Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски?

Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис?

Отиде ли Микцоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните?

Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО“, прашува Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Јасно е дека единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта, неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипци се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не е ништо друго освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ раководена од Будимпешта.

Од белиот дворец нема ниту една позитивна мерка, само лажни вести, деструкција и одбрана на криминалот“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ