Почнува изборната кампања за локалните избори, рокот за кандидатури продолжен до 8 март

Од:

На полноќ започнува изборната кампања за претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март. Кампањата трае 20 дена. На 23 март е изборен молк. По постигнувањето на политичкиот договор и прекинувањето на бојкотот од опозицијата, вчера Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ од страна на регистрирани политички партии или коалиции.

Колкава ќе биде вкупната бројка учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши овој рок, кој вторпат се продолжува.

Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до 3 март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.

Кандидатурите, според законот, треба да ги разгледа и Комисијата за верификација на фактите која треба да изврши проверка дали кандидатите за идни советници или градоначалници соработувале со тајните служби.

Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје. Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ