Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во девет од сообраќајките била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, 21 возач за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не користење сигурносен појас, четворица возачи за не носење сигурносен појас, како и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 49 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 43 возила.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски