На судијата Панчевски ќе му се суди во велешкиот суд

Од:

Основниот кривичен суд во Скопје соопшти дека на обвинетиот судија од одделот за прекршоци, Владимир Панчевски, ќе му се суди во велешкиот суд поради непристрасност.

„Судот достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од кривичниот суд  за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје  против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот“, соопшти скопска единица.

Апелација утврдила дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и  во согласност со член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

Со решението на Апелацискиот суд во Скопје, Основниот суд во Велес го определил за стварно и месно надлежен суд да постапува за конкретниот предмет.

Панчевски е обвинет за рачно местење предмети во кривичниот суд, наместо да бидат електронски распределени. Панчевски е суспендиран до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он