Јапонскиот технолошки гигант „Фуџитсу“ произведе бастун со вградена сателитска навигација, наменет за повозрасните лица.
Ваквиот изум треба да им помогне на повозрасните полесно да го пронајдат патот, но истовремено ја следи и работата на срцето и температурата.
Нивната локација, исто така, ќе може да се следи преку интернет, а доколку корисникот падне, неговото семејство ќе биде информирано преку и-мејл.
„Фуџитсу“, како и многу други компании во Јапонија, се обидува да најде решение за да им го олесни животот на се поголем број луѓе во оваа земја.
Затоа оваа фирма претстави и „смартфон на возрасни корисници“, кој има оперативен систем Андроид, но е направен за да им помогне на оние кои можеби никогаш не користеле ваков телефон.
Телефонот, исто така, може самиот да ја менува фрекфенцијата на звукот, со цел на повозрасните да им биде полесно да го слушнаат разговорот.