Тројца загинати, 12 повредени во инцидент со пукање на Фестивал за лук во Калифорнија

Од:

Три лица загинаа, а 12 се повредени во инцидент со пукање на Фестивалот за лук во Гилрој Сити, Калифорнија, објавија светските агенции.

Фестивалот се одржува секоја година и трае три дена. Гилрој, 176 километри југоисточно од Сан Франциско, е место на илјадници љубители на лук и вкусна храна.

Според очевидци, празникот се претворил во кошмар, луѓето во паника бегале кога се слушнале пукотници.

Дион Брако, член на локалниот општински совет, за „Њујорк тајмс“ изјави дека има осомничен за пукањето, околу 30-годишен маж, кој е уапсен.

Засега нема повеќе детали за евентуалните мотиви за настанот, кој се случи последниот ден од фестивалот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди Калифорнија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он