Северна Македонија на голф турнир во Литванија

Од:

Тимот на македонската голф репрезентација на 31 јули во Вилнус Литванија ќе учествува на голф турнир во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА).

Нашиот тим го предводи капитенот Димитар Георгиев кои заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев на овој турнир ќе се обидат да ја темпираат формата пред државното првенство „Мацедониан опен“ што година ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско.

Македонската голф федерација се надева дека нашите голфери во Вилнус ќе ја претстават нашата земја на најдобар можен начин и дека овој турнир е одлична можност играчите да ја подигнат формата за претстојното државно првенство во Северна Македонија.

Оваа година 11 нови земји во светот на голфот ќе учествуваат на овој спортски настан. Северна Македонија е во група со Ерменија, Грција, Кипар, Грузија, Латвија, Азербејџан, Лихтештајн, Латвија, Малта, Романија и домаќинот Литванија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Тајгер Вудс одбил над 700 милиони долари да се приклучи на саудиската ЛИВ голферска лига!

Трамп кратко се појави на Г-20 самитот, а потоа отиде да игра голф

Младата голферка повторно ги почести следачите со видео тренинг

Ана Ололовска

Трамп го одликуваше Тајгер Вудс

Ана Ололовска

Тајгер Вудс отпадна од листата „ТОП 100“

Ана Ололовска