ЕУ: Србија да го врати дозволеното ниво на афлатоксин

Од:

Ако не се врати дозволеното ниво на афлатоксин на 0,05 микрограми по килограм, Србија нема да исполни една обврска во процесот на евроинтеграцијата, порача Делегацијата на Европската унија во Србија.

Како една од причините поради кои Владата одлучи да го промени правилникот министерот за земјоделство, Горан Кнежевиќ го наведе тоа што овој пропис не е на списокот за обврзувачки услови за пристап во ЕУ, но Делегацијата на ЕУ во Србија го демантира.

-Ускладувањето на српските прописи со европските регулативи се дел од европските интеграции, пред влез во ЕУ и Србија мора овој стандард да го примени во својот правен систем и стандардите за храна-потврдија од Делегацијата.

Според нив во случај Србија да одлучи да го зголеми дозволеното ниво, тоа млеко нема да ги исполнува стандардите неопходи за извоз на пазарот на ЕУ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени