Србија: Во понеделник ќе се соопштат виновните за алфатоскичното млеко

Од:

Во понеделник потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ, ќе ги соопшти имињата на оние кои згрешиле во аферата со афлатоксичното млеко, а најверојатно ќе извести и какви санкции ќе има. Виновните се министри, и други финкционери од министерствата, соопштуваат извори од партијата на Вучиќ.

Српскиот министер за земјоделство, Горан Кнежевич, најави дека е подготвен да поднесе оставка и да ја сноси одговорноста ако истрагата покаќе дека неговата вина во скандалот со млекото е најголема.

Владата на Србија за да ја компензира штетата, се одлучи на соломонско решение, поточно наместо да побара намалување на афлатоксините во млекото под дозволеното ниво, таа ја зголеми границата за присуство на супстанцата во млекото. Според српските експерти ова е одраз на неспособност да се справи со ситуацијата. Владата ја доведува во прашање потрошувачката на млеко во земјата и извозот надвор од неа.

Во меѓувреме, делегацијата на ЕУ во Белград соопшти дека дозволеното ниво на афлатоксините во млекото ќе мора да се намали пред влезот на земјата во ЕУ.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on

Паралелна евиденција и семејно гласање – дел од нерегуларностите на избирачките места низ Србија

A1on