Депонија и уништен парк зад Законодавниот дом

Од:

Исушени дрвја, расфрлани дрва и прашина, смет и шут. Ова е околината во која работат народните избраници. Зад зградата на Парламентот не личи како да е строгиот центар на Скопје.

Од контејнерите се шири неподнослива миризба. Откако се изјалови обидот за изградба на гаража на овој простор, останале и штиците од некогашното градилиште.

Минувачите прашуваат кој е надлежен да го исчисти и осветли просторот, бидејќи неретко се и нападнати од групи кучиња скитници.

Освен Собранието, тука се седиштата на Министерството за транспорт и врски и Заводот за статистика.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош