Украинскиот суд повторно го одложи судењето против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, поради нејзиното отсуство. Таа се уште се наоќа во болница поради здравствените проблеми.
Следното сослушување е закажано за 10 Јули, една недела по завршувањето на Европската фудбалско првенство, кога Украина како една од земјите домаќини ќе биде под помало меѓународно внимание затоа што во моментот земјата е под голем притисок целосно да го отфрли контроверзниот случај.
Неколку илјади приврзаници и противници Тимошенко организира собир пред предниот дел на судницата во Харков.
Едните, приврзаниците скандираа „Слобода за Јулија”, а спроти нив, преку коридонот од полицајци противниците викаа „земјата страда, а таа само зборува“.