ВИДЕО: Филмски грабеж во Сао Паоло, украдени 750 килограми злато

Од:

Од главниот аеродром во Сао Паоло се украдени 750 килограми злато, чија вредност се проценува на околу 40 милиони долари.

Бразилските власти соопштија дека не успеале да го пронајдат златото, а нема ни трага и од криминалната банда која била составена од најмалку 20 лица.

Според полицијата, групата прво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот и неговото семејство и ги држеле како заложници, за да го натераат на соработка. Потоа, во четвртокот дошле на аеродромот во пикап возила исфарбани за да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата вчера соопштила дека проверува дали станува збор за истата група која минатата година од друг аеродром во Сао Паоло украде пет милиони долари.

Операторот на аеродромот, компанијата ГРУ Ерпорт, соопши дека залтото требало да биде транспортирано за Торонто и Њујорк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск

(ВИДЕО) Трагедија во Бразил: Родители скокнале од зграда со бебе во раце, сакале да се спасат од пожар

Поради пожари во Бразил затворени патишта и училишта, во голем број градови е прогласена опасност

Горан Наумовски