Витканската пошта вчера издаде серија од четири марки, кои ќе се користат во текот на периодот на „празната столица“, кој настапи со историската оставка на папата Бенедикт XVI.
Необичните поштенски марки содржат симбол на празната столица, чадор за сонце со прекрстени клучеви, зборовите „ Sede Vacante, Citta del Vaticano “ и годината испишана со римски броеви MMXIII.
Се очекува марките да станат многу барани помеѓу колекционерите, особено оние со вчерашниот датум.
Цената на една марка е 70 евро центи за Италија, 85 центи за Европа и медитеранот и две евра за Африка, Азија и САД, а 2,50 евра за Австралија.
Традицијата на комеморативни марки со мотивот на „празната столица“, датира уште од 1939 година.
Елена Георгиевска