„Самсунг“ треба да му плати на „Епл“ 600 милиони долари отштета

Од:

Федералниот суд во САД ја намали вчера на речиси половина сумата од една милијарда долари отштета, која компанијата „Самсунг електроникс“ треба да ја плати на „Епл“ за нарушување на правата за дизајн и техлогијата на популарни смартфони и таблет компјутери.

Судијата Луси Кох од судот во Сан Хозе ја намали за 450,5 милиони долари отшетата за „Епл“, при што „Самсунг“ сега ќе треба да плати 600 милиони долари. Таа додаде дека било утврдено оти биле допуштени грешки во процесот.

Судијата нареди да се започне нов процес во однос на обвинувањата на „Епл“ дека од компанијата „Самсунг“ ги краделе нивните идеи во повеќе од 12 модели на смартфони и таблети, вклучувајќи го хитот „Самсунг галакси“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска