А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки медиуми: надминат политичкиот ќор-сокак во Скопје

by А1он02/03/2013 - 12:41180
Share0

Повеќето грчки медиуми денеска јавуваат за постигнатиот договор за за надминување на политичката криза во Македонија, по вчерашната посета на европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Елефтеротипија“ пишува дека „со посредство на претставници на ЕУ, конзервативниот премиер Никола Груевски и опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Бранко Црвенковски се договорија локалните изборида се одржат на 24 март и опозицијата да се врати во Парламентот“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот ја пренесува изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит дека „договорот е од клучно значење за европската перспектива на земјата“.

„Елефтерос Типос“  додава и дека според договорот ќе се формира двопартиска комисија која ќе ги испита настаните во Парламентот од 24 декември, и оти по локалните избори, „политичките лидери треба да ја разгледаат можноста за предвремени избори во земјата“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Весникот пишува дека според политичките аналитичари во Скопје, „Бранко Црвенковски бил ’принуден’ да направи повеќе отстапки со цел да се постигне договор“.

„Имерсија“ пишува дека Штефан Филе на својот профил на Твитер напишал оти „средбите што се држаа во Скопје помогнаа политичките лидери во земјата да најдат начин да се надмине кризата“.

„Та Неа“ и „Катимерини“ во врска со вчерашните настани во Скопје пишуваат за судирите меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот пред Владата. Весниците јавуваат дека околу илјада демонстрнти, кои протестираа против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, со камења и други премети фрлале по полицијата и оштетиле полициски возила и приватни автомобил на граѓани кои биле паркирани во близина. При протестите се повредени неколку полицајци и уапсени се и некои од демонстрантите кои предизвикаа нереди, информираат грчките весници.

izbori

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 16:50

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео