Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград, реагира Алијанса за Албанците за апсењето на косовскиот држајванин Томор Морина, преку соопштение.
„Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово.
Патот кон НАТО и ЕУ не се трасира со почитување на обвиненијата покренати лично од крвопиецот Слободан Милошевиќ.
Алијансата за Албанците преку оваа реакција и порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси. На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот.
Алијансата за Албанците бара веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Томор Морина.“, се наведува во реакцијата на партијата.