Две навивачки фракции на Динамо од Загреб се судрија вчера во близина на стадионот „Максимир“, а за време на инцидентот биле користени и секири.
Според изворите на хрватскиот портал „Индекс“, приврзаниците на Здравко Мамиќ ги нападнале неговите противници користејќи секири, а полицијата вели дека е уапсено едно лице.
Кавгата меѓу овие две фракции трае со години, а се доби нова димензија во 2014-та кога дојде до вооружен судир.