Кинотеката организира „Кино будење“ во секоја сабота од март

Од:

Кинотеката на Македонија денеска почнува специјална програма „Кино будење“, кој го најави како пладневен ритуал составен од три дела – проекција на наградувани филмови, нивна препорака и отворање од познати домашни имиња и кафе со мафин пред проекциите кои ќе почнуваат во 12.30 секоја сабота во март.

Оваа сабота ќе биде прикажан британскиот трилер-романса „Играчка плачка“ од 1992, во режија на Нил Џордан. Филмот е награден со Оскар за најдобро сценарио и со награда БАФТА за најдобар британски филм.

Идната сабота е „Изгорени од сонцето“ на рускиот оскаровец Никита Михалков, снимен во 1994, кој покрај Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, доби и Гран-при на Канскиот фестивал.

На 16 март на програмата е британскиот „Тајни и лаги“ на Мајк Ли од 1995, награден со „Златна палма“ во Кан, БАФТА и „Златен глобус“ за најдобра женска улога.

На 23  март „Кино будење“ ќе го прикаже „Секс, лаги и видеоленти“ на  Стивен Содеберг од 1989, кој доби „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал и награда од публика на  фестивалот „Санденс“.

Програмата ќе заврши во последната сабота од месецов, 30 март, со францускиот трилер од 1960 година „Во зенитот на Сонцето“, добитник на наградата „Едгар Алан По“ за најдобар странски филм.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ