Бензиски станици и автосервиси во Јужна Кореја откажуваат да даваат услуги на лица кои имаат јапонски автомобили како дел од се посилниот бојкот на јапонски стоки, предизвикан од трговски и политички тензии, објави „Гардијан“.
Погодени се и туристички патувања до Јапонија, јапонски пивa. Се одржуваат и демонстрации пред јапонската Амбасада во Сеул, наведува весникот.
Антијапонските настроенија се засилија откако Токио објави на 1 јули дека ограничува извоз на материјали користени за производство на полупроводници за Јужна Кореја. Оттогаш двете држави взаемно се обвинуваат и критикуваат.
Минатата недела е регистриран пад на продажбата на јапонски пива за 40 отсто, резервациите за туристички патувања се намалени за 70 отсто. Сеул ги бојкотира и јапонските цртани филмови.