Хашим Тачи го информира Парламентот за петтата рунда разговори

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи синоќа на вонредна седница го информираше Парламентот за петтата рунда дијалог со Белград, повторувајќи ги претходно изнесените оценки дека асоцијацијата на општините со српско мнозинство на Косово не може да има ниту законодавни, ниту извршни овластувања и оти тоа е црвената линија која не може да се премине.

Откако пратениците на движењето „Самоопределување“ во косовското Собрание во четвртокот го попречија Тачи да го изнесе извештајот за разговорите со премиерот на Србија Ивица Дачиќ, тој користејќи го уставното право побара одржување вонредна седница, јави Танјуг.

– Создавањето асоцијација на општините е во целосна усогласеност со Уставот на Косово и со Законот на локална самоуправа. Асоцијацијата нема да има извршни, ниту законодавни овластувања. Не може да има замена на собранијата на општините и одговорноста на општините не може да се пренесе на оваа асоцијација, рече Тачи.

Тој повтори дека нема да се дозволи формирање трето ниво на власта и тука „се поставени црвените линии и на Србија и на сите оние кои побарале такво нешто“.

Според него, асоцијацијата на општините е здружение, невладина организација, која е така одредена и во документот на Марти Ахтисари, но и во Уставот и законите на Косово.

Тачи тврди дека ниту под какви било околности нема да дозволи компромис, кој на непосреден и посреден начин доаѓа во судир со решенијата од Уставот и законите на Косово.

Тој исто така рече дека е договорено и оти во рамки на процесот на консолидација на властите на Косово на северот е неопходо одржување избори и воведување цивилен регистар, како и дека за тоа постои општа согласност на страните во дијалогот, ЕУ и САД.

Во расправата, која траеше околу четири часа. пратениците на партијата на власт ги поддржаа досегашните активности на премиерот и другите членови на делегацијата на Косово во разговорите со Белград.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица