Претседателот на Чад изјави дека чадски војници во борбите со исламистите во Мали убиле еден од најопасните команданти на Ал каеда во Африка, Абделхамид Абу Зеида.
Чадските сили убија двајца лидери на џихадот, а меѓу нив и Абу Зеида, рече Идрис Деби.
Деби ја даде изјавата по погребот на чадските војници загинати во борбите.