Шумскиот пожар во Рафина ставен под контрола

Од:

Под контрола е ставен шумскиот пожар во Рафина, соопштија грчките власти попладнево. Пожарот избуна во 15:21 часот по локално време во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 101 пожарникар со 48 возила, четири пешадиски тимови, специјални тимови, два авиона и три хеликоптери.

Делумно под контрола е ставен и шумскиот пожар што изби во 15.27 часот по локално време исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила.

Би можело да ве интересира

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија