Хуавеи отпушти 600 работници во САД

Од:

Кинеската Хуавеи Технолоџис објави дека отпуштила повеќе од две третини од своите 850 вработени во својата подружница за истражување, во САД.

Оттаму објавија дека повеќе од 600 работни места се укинати. Подружницата, која делумно е основана за работа со универзитетите и истражувачите, минатата година забележа 510 милиони долари оперативни трошоци.

Во мај, американското министерство за трговија го стави Хуавеи, најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, на црната листа од организациите кои претставуваат ризик за национална безбедност.

Хуавеи објави дека отказите кои стапија на сила на 22 јули, биле предизвикано од “бизнис кризата” предизвикана од потезите на американската Влада.

Futurewei почна да ги отпушта работниците во понеделникот, објави Ројтерс.

Еден од вработените, кој не бил отпуштен, изјави за Ројтерс дека бизнисот застана откако Хуавеи беше ставен на црната листа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија