А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тодев: Покренати дисциплински постапки против членови на синдикални организации

by А1он23/07/2019 - 14:43412
Share0

Во Министерството за внатрешни работи се уште опстојуваат и работат раководители на кои им е важно само на кој начин да ги вознемируваат вработените со кои раководат, а кои одбиваат да постапуваат за нивно лично задоволство и спротивно на позитивните законски прописи беспоговорно извршуваат секакви други работи кои не се во доменот на нивниот делокруг на работа, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев Тодев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој информира дека во изминатиот период биле покренале дисциплински постапки против членови, но и претседатели на синдикални организации и синдикални подружници.

– Некој се обидува дури и да манипулира и лажно да го известува и самиот министер за внатрешни работи со што давам и пренесувам јавен апел кон министерот да внимава во сите извештаи, во сето она што го добива како допис од страна на одредени дисциплински комисии, членови и претседатели на дисциплински комисии, кои се во рамките на самото Министерство и кои во изминатиот период вршат одредени постапки и едноставно ги завршуваат процесите во делот на сето она за што наводно одредени претставници во Министерството се огрешиле од законот, односно од Колективниот договор и врз основа на одредени членови се давани на материјална и дисциплинска одговорност. Впрочем, наместо Министерството за внатрешни работи и вработените да се зафатат за решавање на бројни прашања кои се во делот на криминалот, делот на јавен ред и мир, делот на сето она што се вика полициска работа во Министерството за внатрешни работи во самата држава, ние се занимаваме сами со себе и тоа е практично круна на она што ни се случи во изминатите неколку дена во Секторот за внатрешни работи, рече Тодев.

Тодев посочи дека имаат докази за бројни дисциплински постапки, особено против претседател на синдикална организација, член на претседателство на Независниот синдикат, против кого се води хајка.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Впрочем, полициски службеник против кого има кривична постапка му се овозможува да е на највисоко полициска функција, односно на местото виш полицаец во неговиот ранг, но без безбедносен сертификат кој треба да го поседува. На истиот му се дава да води безбедносен сектор во СВР, а од друга страна инспектор кој е член на претседателството на Независниот синдикат е мета на хајката што се спроведува неколку месеци наназад, истакна Тодев, додавајќи дека „има 50-тина настани со обиди за убиство на полициски службеници“.

Од НСП апелираат дека е дојдено крајно време нивните дадени насоки за функционирање и исправување на грешките да бидат земени предвид со цел на граѓаните да им се обезбеди побезбеден живот во државата.

mvrnsp

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео