Во пожарот во Португалија повредени 31 лице

Од:

Повеќе од илјада пожарникари веќе трет ден се обидуваат да го изгаснат големиот пожар во Португалија, во кој до сега се повредени 31 човек.

Околу 90 проценти од пожарот во областа Кастело Бранло, 200 километри североисточно од Лисабон, ставени се под контрола во текот на ноќта, кога температурата на воздухот е пониска.

Полицијата соопшти дека во тек е истрага за причините за пожарот и оти постои сомневање дека би можел да биде подметнат.

Последните години во Португалија забележани се некои од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во 2017 година во пожарите загинаа 107 луѓе.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес