(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Предлог законот за ЈО

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред државата и граѓаните и заеднички да придонесеме во воспоставувањето на правдата и правната држава.

Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите.

Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено.

Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.

Тоа е значајно за правдата, за државата, за реформите.

Борбата против криминалот не смее да познава политички бои.

Секој за кој, во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ