ВИДЕО: Додека нобеловка зборуваше за нејзините мртви родители Трамп ја праша „Каде се тие сега?“

Од:

Доналд Трамп предизвика бурни реакции на социјалните мрежи за неговите прашања за време на разговор добитничката на Нобеловата награда за мир.

Додека Надја Мурад зборуваше за мртвите родители, Трамп ја праша: „Каде се тие сега?“

Мурад му рече на американскиот претседател дека Исламска држава (ИД) ги убила нејзината мајка и шестмина браќа.

Трамп ја праша: „А каде се тие сега?“, на што Мурад одговори: „Ги убија. Тие се закопани во масовна гробница“.

Снимката од нивниот краток разговор брзо се прошири на интернет.

Исламските екстремисти ја измачувале и силувале Надја Мурад, а откако успеала да побегне од заробеништво, таа стана лик на кампања за ослободување.

Мурад во своето обраќање пред Трамп изјави дека, и покрај тоа што ИД заминала од Ирак, курдските и ирачките власти сè уште се борат за контрола над областа каде што таа живеела и го повика да интервенира, пренесува хрватски „Индекс“.

Но, тоа не беше сè. Трамп побара од добитничката на Нобеловата награда да објасни зошто точно го добила ова признание.

„Бидејќи по сето она што ми се случи, не се откажав. Се борев за светот да дознае дека ИД силуваа илјадници жени. Тоа беше прв пат една жена од Ирак да излезе и јавно да зборува за она што се случи“, објаснила таа.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот