Како што најави Мекларен после помалку од една година престанува со производство на моделот 600ЛТ, кој на тој начин стана ексклузивен.
600ЛТ е помоќна и поедноставена верзија на “бебето” Мекларен 570С Купе. Тој е визуелно различен, и подолг за 7,3 cm. Покрај тоа, овој модел доби нов издувен систем чии излезни цевки се скратени и се во повисока позиција отколку на основниот автомобил.
Автомобилот од 0-100 км /ч забрзува само за 2.9 секунди, а до 200 км на час забрзува за само 8.2 секунди. Максималната брзина е 328 км/ ч.
Благодарение на краткиот циклус на производство, Мекларен 600ЛТ веќе е многу ексклузивен модел, и треба да се очекува дека вредноста на овие автомобили значително ќе се зголеми во иднина, во споредба со малопродажната цена со почеток од 240.000 долари за основната верзија.