Пронајдена марихуана кај две лица, вработени во УБК

Од:

Полицијата привела двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и против нив покренала дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив пронашла марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на улица „Козле“ во Скопје.

– Завчера околу 18.20 часот на улицата „Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на двете лицата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК повел постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Запленети околу два тони марихуана – голема акција во Белград

А1он

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага